Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од распадот на нивниот брак се појавија многу гласини зошто Кети Пери и Русел Бренд се разделија, од тоа дека виновно било нејзиното прекумерно забавување, до желбата на комедијантот за деца.
Но во новото интервју за магазинот The Hollywood Reporter 27-годишната пејачка изјави дека само таа и нејзиниот поранешен сопруг ќе ја знаат вистинската причина за разделбата.
Никој не знае што се случува помеѓу една двојка освен тие двајцата, но пишувањето песни навистина ми помогна-изјави Кети Пери.
Таа исто така откри дека за време на турнејата California Dreams често ќе завршела во солзи за нејзиниот приватен живот помеѓу концертите. „Ниту вештачките трепки не ги спречуваа солзите да се стркалаат низ моето лице, а потоа се насмевнував и ја пеев песната Teenage Dream на сцената.“
Поп ѕвездата која изминатата година заработи 44 милиони долари сега ќе снима 3Д документарен филм, кој делумно го финансира сама. Таа ќе прикаже дел од својот приватен живот, вклучувајќи ја и врската со Русел, а во филмот ќе има многу сцени каде што се појавува без препознатливата силна шминка.
Според калифорнискиот закон нивниот развод ќе биде финализиран во јули.
Русел и Кети се разделија само 2 месеци после нивната прва годишнина. Оттогаш Русел беше поврзуван со неколку жени, а Кети Пери е во врска со гитаристот Роберт Аскројд.