Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пејачката Кети Пери вчера ја доби својата восочна фигура во музејот Мадам Тисо во Њујорк.
Ѕвездат е претставена во костим заедно со нејзината "California Dreams" турнеја.
Поради фановите на пејачката моравме да ја поставиме нејзината фигура во музејот, поради што бевме многу возбудени. Соработувавме со костимографот на Кети за да бидеме што поуверливи во ликот и изгледот на пејачката-изјави менаџерот на музејот бред Пиџин.
Фигурата има плава перика баш каква што носеше Пери на нејзините концерти.
Освен во музејот во Њујорк, восочна фигура на Кети Пери истовремено се поставени и во музеите во Амстердам, Бангкок и Сиднеј.
Во јануари оваа година е откриена уште една нејзина фигура во Лас Вегас.