Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Она што студентите го читаат на факултет директно влијае на начинот на кој тие подоцна се изразуваат, т.е пишуваат, покажува една студија објавена во Интернационалниот весник за бизнис администрација.
Истражувачите откриваат дека содржината којашто ја читаат студентите има поголемо влијание врз подобрување на вештините на нивото пишување отколку научените инструкции за пишување и зачестеноста на пишувањето.
Студентите кои читале академски списанија, литературна фантастика или стручна документација се изразувале синтаксички подобро (посложени реченици) од оние кои читале жанровски фантастика (пример: научна фантастика) или исклучиво веб страни, т.е агрегатори.
Тие посочуваат дека е неопходно да се увиди и да се запази разликата помеѓу „длабокото и лесното читање“. Како што велат истражувачите, читањето на лесна литература е исто како читање на некои забавни вести на интернет. Додека пак, за подлабоко читање се смета она кое е бавно, потопло, богато со сетилни детали и емоционална и морална сложеност и е налик на декодирање на зборови. Длабокото читање се појавува кога јазикот е богат со детали, алузии и метафори и влегува во истите области на мозокот што би се активирале доколку читателот го доживее настанот. Истражувањата исто така покажуваат дека длабокото читање ја зголемува емпатијата, бидејќи читателот нурка подлабоко и притоа размислува, прави анализи и формира "личен подтекст" на она што го чита.
* Четири заклучоци произлезени од спроведеното истражување:
1. Длабокото читање го синхронизира нашиот мозок
Длабокото читање ги активира центрите на нашиот мозок за говор, визија и слух, па така сите заедно работат за да ни помогнат да зборуваме, читаме и пишуваме, се вели во студијата. Самото подлабоко читање кај студентите развива херменевтички пристап кон текстот кој од него создава активен читател кој истражува, а не пасивен читател кој книгата ја заборава уште првата недела по читањето. Читањето на квалитетна литература кај студентите значително го менува начинот на нивниот живот;
2. Читање на поезија
При споредба на читање на поезија и проза, истражувачите откриле дека поезијата го активира задниот цингуларен кортекс и медијалните темпорални лобуси, делови од мозокот поврзани со интроспекција. Кога волонтерите во истражувањето ги читале своите омилени песни, областите на мозокот поврзани со меморијата биле посилно стимулирани, што укажува на тоа дека читањето песни што ги сакаме е вид на сеќавање што предизвикува силни емоции, а силните емоции се секогаш добри за креативно пишување;
3. Читање на литературна фикција
Разбирањето на менталните состојби на другите е клучна вештина која им овозможува на луѓето да ги разберат сложените социјални односи што ги карактеризираат човечките општества, а тоа го прави писателот одличен во создавање повеќеслојни карактери и ситуации. Односно, преку читањето на литературна фикција ние ја развиваме нашата способност да сфатиме дека нашите умови се различни од умовите на другите луѓе и дека нивните емоции се различни од нашите. Истражувањата откриваат дека читањето на вакви дела носи неспоредливо подобри резултати од читање на документација, популарна фикција или воопшто да не се чита. Со други зборови, книжевната фикција предизвикува мисла, размислување, експанзија и интеграција;
4. Наместо гледање на телевизија се препорачува фокусирање на длабоко читање
Времето поминато на гледање телевизија е скоро секогаш бесмислено, затоа што нашиот мозок станува пасивен скоро веднаш по пуштањето на телевизијата, без оглед колку и да се трудиме да го оправдаме тоа. Исто така, читањето на некои "лесни" списанија или лесна фикција може да биде забавно и ние да велите дека сме прочитале книга, но тоа не го засилува нашиот мозок и ја намалува нашата можност да станеме подобри во пишувањето. Ако сте сериозни кога станува збор за подобрување на вашите вештини во пишувањето, поминете многу време во "длабоко читање" книжевна фантастика, поезија и статии за наука или уметност што содржат сложен јазик и кои бараат од вашиот мозок да размислува, додаваат во спроведеното истражување.