×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кочо Агушев најдобар трубач на “Рома труба фест“

    12.09.2013 14:09 | KumanovoNews

     Кочо Агушев од Струмица е прогласен за најдобар трубач на осмиот по ред фестивал  „Рома труба фест„ кој се оддржа синоќа на Градскиот плоштад во Куманово.

    Кочо Агушев најдобар трубач на “Рома труба фест“

     Тој од организаторите доби награда златна круна и труба. 

    За најдобар тапанар е избран Сертан Дурмишев од Штип, најдобар оркестар Сергеј Дурмишев од Штип и најдобар тубист Шукрија Абдулов од Струмица.

    Гостинка на вечерта беше фолк-пејачката Милица Кузмановска, која ја изведе ромската химна “Џелем, џелем“.

    Многу сум возбудена по овој настап бидејќи сите кои беа и од едната и од другата страна во публика стоеа на нозе. Навистина ја почитувам ромската песна и огромна чест и задоволство ми е што токму јас вечерва го отворив фестивалот - изјави Кузмановска.

    Манифестацијата ја отвори претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски ја отвори манифестацијата и истакна дека Ромите се многу талентиран народ, кој заслужува секаква подршка за фестивалот.

    Публиката ја поздрави и директорот на фестивалот, Самет Салиевски, кој  потести дека фестивалот ги обединува најдобрите и најквалитетни имиња.

    Ќе излезат најдобрите мајстори кои ќе ви ја покажат својата вештина, она што го знаат и умеат. Би сакал да се заблагодарам на  на сите кои не поддржуваат, градоначалникот, пратениците Оливер Спасовски и Самка Ибраимовски и луѓето кои работат во култура во општината и Фондацијата за култура и спорт.- изјави Салиевски.

    Специјален гостин на вечерта беше оркестарот на Христијан Азировиќ  од Бојник, Србија, кој е овогодишен победник на Гуча 2013. Во ревијалниот дел настапија и Нино Величковски, Феруз Мустафов, како и најдобриот трубач од Џамбо Агушев.

    На манифестацијата се натпреваруваа оркестрите: “ Џамбо Агушеви“ и “Млади Агушеви“ од Струмица, “Левис“ од Виница, “Уска Кан Кантуров“ од Берово, “Сергин Дурмишев“ од Штип.  Од Србија доаѓаат гостите : оркестар “Бојан Ристиќ“ од Владичин Хан и оркестар “Елвис Бајрамовиќ“ од Бојник.