Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Рајан Гослинг, Џош Бролин и ѕвездата на „The Hobbit“ Ричард Армитаж се најдоа на пократкиот список на актери кои се земени в предвид за улогата на Бетмен.
Режисерот на „Man of Steel“ Зак Снајдер минатиот месец откри дека Бетмен ќе му се придружи на Супермен во претстоечкото продолжение и додаде дека тие двајца нема да се сретнат очи во очи.
Според The Hollywood Reporter, сценариото за продолжението е сеуште во изработка а Снајдер очигледно почнал да размислува за кастингот на Бетмен.
Наводно кандидат број еден е Џејмс Бролин, следен од помладиот Рајан Гослинг.
Покрај нив на списокот се уште и помалку познатите Ричард Армитаж, Џои Манганиело, Макс Мартини и британскиот актер Метју Гуди, кој има соработувано со Снајдер на хитот од 2009-та „Watchmen“.
Продукцијата на филмот се очекува да започне наредната година а најверојатно филмот ќе излезе во 2015-та. До сега „Man of Steel“ има заработено преку 630 милиони долари на благајните ширум светот.