×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кои се петте евровизиски фаворити

    07.03.2013 09:06 | KumanovoNews

    Според процените на обложувалниците и музичките експерти, најголеми шанси за победа на овогодинешната Евровизија имаат претставниците од Данска, Емели де Форест, како и Маргарет Бергер, претставникот на Русија. Покрај нив, големи шанси имаат и Русија, Украина и Германија.

    Кои се петте евровизиски фаворити

    Во периодот од 14 до 18 мај оваа година во Шведска ќе се одржува овогодинешното издание на Евровизија, а по се изгледа дека оваа година главниот збор ќе го имаат жените, ако се земат во предвид процените на музичките експерти, но и на обложувалниците. Така, најголеми шанси за триумф во Малме има данската пејачка Емели де Форест и Маргарет Бергер од Норвешка.

    Доколку може да се суди според коефициентите објавени од страна на светските обложувалници, во трката за победа можеби ќе се вклучат и претставниците на Русија и Украина, како и германскиот бенд Каскада.

    Со оглед на тоа што остануваат цели два месеци до почетокот на Евровизија, постои можноста и овој редослед да се промени, но во овој момент најголеми евровизиски фаворити се оние чии што видео спотови и победнички настапи можете да ги погледнете во продолжение.

    Воедно, ова е и можност да видите каква конкуренција ќе имаат нашите претставници, Есма Реџепова и Влатко Лозаноски-Лозано, кои што Македонија ќе ја претставуваат со песната Империја.