Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Настапувајќи во утринската емисија на телевизиската мрежа “Еј- Би- Си“, Џенифер Лопез открила дека е подготвена повторно да се омажи и дека тоа е сонот од кој никогаш не се откажува.
Три пати разведена, 42-годишната пејачка и актерка сега е во врска со 17 години помладиот танчер Каспер Смарт и вели дека никогаш не се откажува од бракот.
На прашањето, во емисијата Гоод морнинг Америца, дали уште е отворена за брак, Лопез одговорила: “Да, за мене тоа е најголемиот сон од бајките. Никогаш нема да се откажам од тој сон. Тоа можеби ќе биде тешко за оној кој ќе стои покрај мене, но знам дека го заслужувам тоа“.
Лопез, која најавила дека го прекинува својот ангажман како член на жирито во талент шоуто “Американски идол“ за да се посвети на својата кариера, минатата година се разведе од својот сопруг Марк Ентони, по седум години брак. Двојката има четиригодишни близнаци, Макс и Ема, а останале во добри односи и заедно продуцираат телевизиска емисија на шпански јазик.
Нејзиниот втор брак беше со танчерот Крис Џад, кој траеше нешто повеќе од една година, а првиот брак со Ојан Ноа само 11 месеци.
Лопез ја започнала врската со Смарт набрзо откако се разведе од Ентони, а настапувајќи за утринската програма, Смарт изјавил дека тоа била љубов на прв поглед. “Тоа се случи природно. Претходно немаше ништо, дури ни флерт“.
Смарт е главен кореограф на турнеите на Џенифер, а на прашањето како е да се работи со некој со кого е во врска, тој рекол дека не му пречи што Лопез е шефица.