×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кој стои зад популарното смајли?

    29.04.2012 13:39 | KumanovoNews

    Ова жолто, среќно лице попознато како смајли, секој од нас барем еднаш во денот го споделува со пријателите од другата страна на компјутерот, на крајот од некоја шега, после некоја позитивна мисла или забелешка.

    Кој стои зад популарното смајли?

    Не постои човек кој не го познава г-динот Смајли, но ретки се оние кои знаат дека ова насмевнато лице има свој автор. За првпат го нацртал американскиот уметник Харви Бел (Harvey Ball).

    Претставниците на „State Mutual Life Assuracne Cos. оf America“, одлучиле да го подигнат духот на своите соработници и да ги натераат да се насмевнуваат секогаш кога се сретнуваат со некој клиент, кога ја креваат телефонската слушалка или работат со документи. За да ја постигнат својата цел, тие дошле до идеја да спроведат необична рекламна кампања. Сфатиле дека имаат потреба од јасен симбол, кој лесно ќе се запомни, па затоа во декември 1963 година, се обратиле до уметникот и графичар Харви Бел и од него побарале да креира лого за кампањата. Така настанало среќното жолто лице.

    Подоцна Харви признал дека работата ја завршил за не повеќе од 10 минути. За трудот му платиле 45 долари и тоа е целата сума која некогаш ја добил за логото. Тој дури и не побарал да го регистрираат како трговска марка, ниту пак ги заштитил авторските права. Според зборовите на неговиот син Чарлс Бел, тој никогаш не зажалил за тоа. На оваа тема, Харви обично велел:  "Сепак, јас можам да јадам само еден бифтек и не можам да возам истовремено неколку автомобили.“

    Насмевката за кусо време станала хит, се појавила врз картички, маици, капи, со други зборови на сè што можело да се продаде. Кон крајот на 1972 година, биле произведени над 50 милиони смајли беџови. Никој во тоа време и не помислувал на некакви авторски права. Поштенските служби на САД отпечатиле дури и марка со насмевнатото лице на Харви. На крајот на краиштата, уморен од сето тоа, Харви одлучил да патентира нова верзија на насмевката, на која ги ставил и своите иницијали. Тој со воодушевување раскажувал за својот пронајдок.

    "Никогаш во историјата на човештвото и на уметноста не е создадено нешто кое е толку широко распространето, и кое носи среќа, радост и задоволство. Нема ништо друго кое е толку едноставно, а кое станало поим за сите“, велел Харви.

    По извесно време, Харви конечно ја определил својата мисија на земјата. Тој се видел себеси како амбасадор на среќата и го измислил Меѓународниот ден на насмевката (World smile day), кој се прославува на 7 Октомври.

    Сметал дека треба да постои ден посветен на доброто расположение и на добрите дела, кој ќе се одржува под слоганот „Направи добро, помогни му барем на еден човек да се насмевне.“