Колин Фарел како сериски убиец
07.02.2013 10:00
| KumanovoNews
Популарниот ирски актер заедно со Ентони Хопкинс ќе глуми во трилерот „Утеха“ кој ќе го режисира Алфонсо Појарт.

Колин Фарел во филмот „Утеха“(Solace) ќе глуми убиец кој неуспешно го бркаат агенти на ФБИ а чие снимање ќе започне во април.
Ситуацијата се менува кога млад агент на ФБИ бара помош од пензиониранот лекар кој го игра Ентони Хопкинс и со заеднички сили да го пронајдат серискиот убиец.
Филмот ќе го режисира бразилскиот режисер Алфонсо Појарт а премиерата се очекува кон почетокот на наредната година.