Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ирскиот актер Колин Фарел, целосно се посветил на здравиот живот. Фарел за машкото списание „Men’s Health.“, објасни дека ја прифатил симпатичната едноставност на животот откако започнал со поефикасен, иако малку досаден, здрав начин на живот.
Една од најважните работи заради кои ме привлекуваше дрогата е самиот ритуал. Не вложувам иста количина на енергија во здравиот живот, колкава што вложував во нездравиот.
Тој признал дека токму неговите деца влијаеле за промената на неговиот живот. Вели дека најстариот син Џејмс му го спасил животот. Сега јаде здрава храна, пие многу зелен чај и зема многу витамини.
Многу е досадно, но мојот живот мутираше во оваа слатка едноставност со која јас сум потполно задоволен, кажа Фарел за списанието “Men’s Health”.
Фарел кажа и дека е благодарен што добил втора шанса во Холивуд, откако се исчисти од дрогата.
Срушив толку мостови во филмската индустрија и не можев да договорам ни состанок.
Сега уживам во животот- додаде Фарел.