Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Горан Бреговиќ ја има пазарено најскапата балканска новогодишна тезга.
За 120.000 евра сараевчанецот ќе пее во Москва, иако оваа информација се уште не е потврдена од неговиот менаџмент. Тој засега го држи рекордот, а останатите колеги кои се пофалиле со новогодишен ангажман се далеку зад него.
Здравко Чолиќ на новогодишната ноќ ќе пее на градскиот плоштад во Будва, наводно за цена од 40.000 евра.
Групата “Нели ти реков“ и Кате ќе пеат во Виена, Адријана Кеш во Америка, Сузана Спасовска, Даниела Темелковска, Биоритам во Австралија, Јордан Митев и Анета Наковска во Канада. Тие максимум ќе заработат 10.000 долари.
Фолкерката Даниела Темелковска, вели дека за 20 дена во Австралија со вклучени осум настапи, во кои ќе падне и бакшиш, а ќе се продаваат и нејзините албуми, во следната година очекува да влезе побогата за околу 10.000 долари.