Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Колку време партнерите треба да поминуваат заедно за да имаат здрава врска?
Тоа зависи од двојката, се разбира, вели консултантот за врски Силва Невес: „Што би било идеално за паровите, особено ако тие имаат кратко време? Тоа е да имаат суштински контакт, како прво нешто наутро - би можело да биде едноминутно суштинско бакнување, прегратка, затоа што тие навистина ја продлабочуваат интимноста. Кога луѓето доаѓаат дома, ги прават сличните работи. Ако сте во можност пратете неколку пораки во текот на денот, или пак некој стикер со срце или бакнеж. Тоа се мали работи за кои треба малку време, но прават промени во односите кај партнерите“.
Проблемот настанува кога луѓето почнуваат да земаат здраво за готово во врската. Некои чувствуваат дека повеќе "не се видливи" или слушнати. Во денешниот свет, се' е толку брзо и некои луѓе не одделуваат време и не се заинтересирани за животот на нивниот партнер. Исто така како проблем во врската може да биде и доколку го смените начинот на гледање: од премногу често на поретко или обратно.
Препорачливо е да се постапува онака како што на секој пар му одговара, зашто за некој подобро функционира доколку поминува помалку време со партнерот, но тоа не важи за секоја врска. Исто така и премногу поминато време заедно, може да не биде погубно за врската.
Понекогаш е подобро да сте одделени некое време, затоа што ќе имате што да си раскажувате кога ќе се видите. Но, кај некои парови функционира и постојаното гледање.
Исто така, ако сте физички оддалечени, се препорачува да останете во контакт затоа што тоa го спречува недоразбирањето, но сепак може и да резултира со осаменост. Но, од друга страна, и физичкото присуство понекогаш не мора да значи блискост, доколку партнерите си играат игри и не посветуваат време, еден на друг. Најважно од се' е што партнерите прават во времето кога се заедно.
Извор (The guardian)