Колку заработи Gangnam Style?
24.01.2013 10:42
| KumanovoNews
Сите сме слушнале за светскиот хит на поп ѕвездата PSY, „Gangnam Style“.

Најгледаното видео на „YouTube“, „Gangnam Style“ на овој сајт му донесе профит од осум милиони долари.
Како што пренесува сајтот Бизнис Инсајдер, анализата покажала дека PSY заработил 7,9 милиони долари од оваа песна во целиот свет, вклучувајќи ја и продажбата на песната на „iTunes“ и сервиси кои се достапни само во Кореја. „Gangnam Style“ има 1,23 милијарди прегледи на „YouTube“
Креаторот на „YouTube“ го задржува правото на половина од тој износ, додека PSY и неговата издавачка куќа заработиле околу четири милиони долари од тој сајт.