Концерт на кумановската група „KHARA“
20.06.2018 10:25
| KumanovoNews
Кумановската група „KHARA“ во понеделник во 21 часот ќе одржи концерт на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

- Бендот ќе одржи самостоен целовечерен концерт со цел финиширање на Indiegogo crowdfunding кампањата за финансирање на нивниот втор албум „Heaven Can Wait“. На настанот ќе има поставен штанд за донации, каде што ќе може да помогнете и за возврат да добиете соодветни награди, а воедно ќе бидат достапни и последните копии од првиот албум „There Were Heroes Amongst Us, - соопштуваат организаторите на концертот.