Концерт на Влатко Стефановски на Градскиот плоштад
Најдобриот македонски гитарист Влатко Стефановски, во петок вечер ќе одржи концерт на Градскиот плоштад во Куманово.

Концертот ќе започне во 21 часот и ќе трае два часа. Пред настапот на Стефановски ќе пее Боби Серафимовски со неговиот бенд, а како гост- изненадување ќе биде кумановецот Филип Стојановиќ-солист на труба.
Концертот го организира Општината Куманово по повод добивањето на големата награда во Париз за културни достигнувања.
Концертот е наречен „Културна ренесанса во европско Куманово„, а претставува заокружување на она што го работеше во изминатиот периот Секторот за култура и Фондацијата за култура со подршка на градоначалникот и Советот на Општината. Изминатиот период беше една успешна приказна со која најавуваме поголеми културни содржини и настап на големи музички имиња во текот на летото- вели Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура.
На концертот ќе биде прикажан видео матерјал од манифестацијата и примањето на наградат во Париз, а градоначалникот ќе додели награди на најуспешни културни работници во градот.