Кончита се прошета на модна писта
11.07.2014 06:51
| KumanovoNews
Австриската победничка на овогодинешната Евровизија, Кончита вурст се прошета на модната писта во Париз во креација на Жан Пол Готје.

Во црна венчаница украсена со златни и црвени детали и црн вел на главата, брадестата жена се прошета на ревијата на Готје.
Готје е дизајнерот кој ја знае претходно Кончита и овој пат сакаше да ги искористи травеститите како манекени на пистата.
Кончита ја имаше таа чест да ја затвори модната ревија на која и се придружи и дизајнерот кој пред неа клекна на колена.