Кортни Кокс и Дејвид Аркет се разведуваат
13.06.2012 11:38
| KumanovoNews
Актерот Дејвид Аркет поднел барање за развод од актерката Кортни Кокс која е позната по улогата Моника во серијата „Пријатели“

Аркет во барањето за развод, кое го поднел оваа недела, како причина навел „непремостлива разлика“, пренесува сајтот ТМЗ. Аркет бара заедничко старателство над нивната седум годишна ќерка Коко. До разводот дошло откако поминале повеќе од година дена кога Коксова и Аркет објавиле дека се разделиле.