Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според пишувањето на магазинот "The Sun", холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата девојка Стејси Киблер ја прекинаа својата едногодишна врска.
Клуни и Киблер својата врска ја започнаа во јули 2011 година, набрзо откако актерот се раздели од италијанската актерка Елисабет Каналис.
Пријателите на Стејси изјавија дека парот одлучил да се раздели и покрај романтичниот одмор за време на летото во домот на Клуни, на езерото Комо во Италија.
Рече дека Џорџ повторно сака да биде сам и дека нема намера да се венчава. Стејси се надеваше дека таа врска ќе трае многу повеќе. Дури и се запознаа со родителите. Меѓутоа, во текот на последните неколку недели Џорџ се оддалечи од неа-велат пријателите на Киблер.
Изјава за прекинувањето на врската на парот ќе биде дадена во текот на наредните неколку дена.