×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кристиан Бергер добитник на специјалната награда „Златна камера 300“

    15.08.2012 08:16 | KumanovoNews

    Австрискиот кинематографер Кристијан Бергер е добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ на годинашниот 33 Фестивал на Филмската Камера “Браќа Манаки”. Наградата му се доделува за особен придонес во светската филмска уметност

    Кристиан Бергер добитник на специјалната награда „Златна камера 300“

    Името на кинематограферот Бергер стана филмска атракција после „Белата Панделка“ (2008) на Михаел Ханеке. Тој и претходно важеше за омилениот фотограф на моментално најеминетниот австриски режисер. Во тандем снимија два од трите филма од првата, австриска фаза Ханеке, наречена „трилогија на смрзнатите чувства“.

    „Белата Панделка“ е филмот кој го потврди исклучително високото место во австриската и светската кинематографија на Бергер, закитувајќи се со номинација за Оскар, но добивајќи и десетина други награди во разни краеви на светот.

    Бергер е роден во 1945 година во селцето Ланс во Инсбрук, Тирол, Австрија. Негова централна вокација е кинематографијата, но истовремено е и иноватор на тоа поле, режисер на целовечерни играни и документарни филмови и репортажи, се појавува и како продуцент, а некогаш и како сценарист. Во 1973 ја основа својата продуцентска компанија ТТВ Филм.

    Негов прв целовечерен наслов е филмот „Рафл“ (1984), за кој уште на почетокот од кариерата се закитува со престижни награди. Следуваат „Хана Чудовиште“ (1989), „Плоштадот Маут“ (1994), „Етички идили“ (1996), а подоцна „Сеќавањата на мртвиот човек“ (2002), „Не прави така“ (2004), „Мојот убиец“ (2005), како и „Неангажираност“ (2007). Во моментов го привршува снимањето на филмот „Лудвиг вториот“, една од најголемите германски филмски продукции во периодот 2011/2012, во режија на Петер Зер и Мари Ноел.