Кристина втор полуфиналист за „Зимска убавица“
03.02.2013 12:14
| KumanovoNews
Победничка на вториот полуфинален избор за „Зимска убавица на Македонија за 2013“ е 16 – годишната Кристина Димитријевска од Тетово.

Таа беше избрана во саботата во клубот Бугати во Тетово , а од тука продолжува турнејата на која кандидатките во наредните 5-6 недели ќе се претстават преку полуфиналните настапи во сите поголеми градови низ целата држава, се до големото финале кое ќе се одржи во средината на месец март.
Прва придружничка е Ангела Јаневска,19 г од Скопје, а втора Моника Кочовска,16 г од Тетово.