Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Последниот дел од трилогијата за мамурниот "волчји чопор" ги разочара критичарите кои не беа многу благи во својата критика за филмот.
Бредли Купер, Зак Галифианакис, Ед Хелмс и Џастин Барта, заедно со Кен Џеонг се обидуваат ликот на Галифианакис да го одведат во психијатриска болница, но се вплеткуваат во криза со заложници, заради која завршуваат во затвор во Тихуана, за на крајот да се вратат во Лас Вегас, каде што се одвиваше дејството на првиот дел од филмскиот серијал."Variety" пишува дека филмот, едноставно не е комедија.
Овој филм не би требало да се смета за комедија, туку повеќе како лошо напишана акција-напиша Ендру Баркер од "Variety".
"The Hollywood Reporter" пак, го критикуваше користењето на сцени со убивање на животни "за пополнување на празнини во филмот".
"На жирафата и е отсечена главата, кокошката е на кокаин, а кучињата умираат на сите страни. Ова е само еден од знаците дека филмот ќе биде очаен.
Тажно е и тоа што овие бизарни сцени, всушност, ќе бидат единствените кои ќе предизвикаат било каква реакција во ова разочарувачко "финале" на трилогијата-напиша критичарот Стивен Фарбер.
Кристофер Туки од "Daily Mail" вели дека "Hangover 3" изгледа "како да го пишувале и режирале Марсовци кои не знаат што е хумор на земјата", а "The New York Times" наведува дека "чопорот" во филмот е "стар, со тапи заби..." и, со реченицата: "довидување и збогум", се поздравува со трилогијата на Стивен Холден.
Сепак, "Entertainment Weekly" пишува дека "Hangover 3" има оцена 4 од 5, но дека е навистина "благ" во споредба со претходните два дела.