Култната „Саграда фамилија“ обоена со светлосни ефекти
24.09.2012 08:37
| KumanovoNews
Најпозната градба на Антонио Гауди, катедралата „Саграда Фамилија“ доби ново руво благодарение на светлосни ефекти.

Како дел од Мерсе фестивалот, уметници од целиот свет биле поканети во Барселона да направат нешто посебно за градбата на популарниот архитект.
Ефектите биле инспирирани од оригиналните колоритни цртежи на Гауди, за кого бојата била есенцијата на животот.
„Саграда Фамилија“ е најпознатата туристичка атракција во Барселона. Изградбата почнала во 1882 година, а Гауди го презел проектот во 1883 година. Кога починал во 1926 година, само мал дел од проектот бил завршен. Се очекува катедралата да биде готова во 2026 година.