Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановци синоќа на Градскиот плоштад се забавуваа со хрватскиот поп пејач Борис Новковиќ.
На мега концертот организиран за празникот на грaдот - 11 Ноeмври, граѓаните ги слушнаа старите хитови, но и поновите песни на Новковиќ. На концертот градоначалникот, Зоран Дамјановски им го честиташе празникот на граѓаните.
Оваа година беше година на големи предизвици. Зафатени од непогоди, временски услови, поплави, безбедносни предизвици, кризите со бегалците и се она што се случуваше во ова Куманово, кое е слободарско, хумано, мултиетничко, ги помина сите предизвици. Град провоборец, град кој го запали факелот на слободата. На оваа територија е испишана историјата на Македонија - изјави Дамјановски.
Тој се надева дека градот и државата ќе бидат дел од европското семејство. По завршувањето на говорот на Градоначалникот следуваше спектакуларен огномет по што продолжи концертот на Новковиќ.