×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци уживаа во звуците на тамбурата

    24.08.2012 08:28 | KumanovoNews

     Синоќа беше отворен “Меѓународниот тамбурашки фестивал 2012“. На првата фестивалска вечер настапија тамбурашките оркестри Гезме,Кумановски тамбураши и Драган Даутовски.

    Кумановци уживаа во звуците на тамбурата

    Викендов кумановци ќе го следат настапот на босанските и словенечките тамбураши, а за постарите генерации атракција е солистот Ладо Лесковар.

    - Тамбурата е симбол и синоним за куќа,за домашен куќен инструмент и автоматски негувањето на таков тип музика значи и респектирање на домот како школа како едукација како здрава средина,затоа е од огромно значење пораката што ја носи и самиот инструмент и воопшто фестивалот - изјави доајенот на етно музиката Драган Даутовски.

    Во земјава има над сто песни во кои е опеана тамбурата. Овој народен инструмент треба да се спаси од заборав, сметаат учесниците.

    - Многу ми е драго што после едно мало затишје повторно се враќа тамбурата како инстумент на седенките на славите и на свадбите - рече Горан Михајловски, член на групата “Гезме“.

    Во Куманово фестивалот се оддржува осма година по ред и како таков привлекува многу посетители.

    Фестивалот е под покровителство на општината и Советот на општина Куманово. За целата програма од буџетот ќе бидат одвоени околу 500.000 денари.И Министерството за култура годинава одлучи финансиски да го поддржи фестивалот .