×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановка победи на “Зајди, зајди“

    05.07.2012 08:03 | KumanovoNews
    Драгана Спасовска (22) од Куманово, апсолвент на Економскиот факултет во Скопје, победи на изборот на талент за народна музика “Зајди, зајди“ што се емитува на скопската телевизија Алфа.

    Кумановка победи на “Зајди, зајди“

    Во натпреварувањето учествуваа 200 кандидати од 15 градови, од кои подоцна во шест полуфинални емисии се појавија 50 кандидати. Во финале се натпреваруваа 14 млади талентирани луѓе.

    Првата награда во силна конкуренција ја освои Драгана Спасовска. Како победник таа ќе учествува на реномиран фестивал, ќе снима видео запис за песната и ќе одржи концерт во Куманово каде ќе гостуваат познати естрадни ѕвезди.

     Наградите кои ги добив од ова натпреварување за мене се исполнување на дел од моите желби. Ќе продолжам да се занимавам со пеење и со негување на изворните македонски бисери. Се најдов во етно стилот и ќе продолжам да го надградувам. Со екипата на “Зајди зајди талент“ се предвидени некои настапи низ државата во наредниот период и сега за сега на тоа се работи. Од септември здравје, ќе започнеме со подготовките да снимам ЦД и да одржам солистичкиот концерт - вели Спасовска.

    Драгана од 15 години се занимава со музика и за себе вели дека е голем љубител на народната песна. Шоуто за избор на музички талент траеше една година.