Кумановката Евгенија Чанчалова трета на Скопски фестивал
13.11.2014 11:40
| KumanovoNews
Младата кумановка Евгенија Чанчалова со песната “Да не те сакам“, синоќа на Скопски фестивал 2014, освои трето место и парична награда од 5.000 евра.

Даниел Кајмакоски со песната “Лисја есенски“ е победник и ќе ја претставува Македонија следната година на Изборот на песна за Евровизија во Виена, Австрија. Победникот на Скопски фестивал добива 20.000 евра. Второ пласирана е Тамара Тодевска со нумерата „Брод што тоне“ и добива парична награда од 10.000 евра.