Кумановска денс група во полуфинале на „Ја имам таленат“
10.05.2017 12:42
| KumanovoNews
Кумановското денс студио Мак утре ќе има свој претставник во полуфиналето на регионалното шоу „Ја имам таленат“, кое се емитува на телевизија Пинк.

Групата која се натпреварува во шоуто се вика „Фани Кидс“(Funny Kids) и е составена од 13 членови на возраст од 8 до 12 години.
Нивниот скриен талент е модерен балет, досега во шоуто поминаа 2 круга, а утре ќе се натпреваруваат во полуфинале од популарното шоу.
Шоуто „Ја имам таленат“ ќе бидне емитувано во живо во четврток од 21:15 а „Funny Kids“ настапуваат под реден број 7. Броевите за гласање ќе биднат објавени во текот на шоуто.