Мени

Кумановски бенд со одлична преработка на хитот „Угаси ме“

24.02.2016 10:48 | KumanovoNews

Хабанера бенд од Куманово вчера на видео каналот Јутјуб објави своја верзија на еден од најголемите хитови на Парни Ваљак - „Угаси ме“.

Кумановски бенд со одлична преработка на хитот „Угаси ме“

Преработката е направена во џез варијанта и е сосема различна од оргиналната верзија. Освен оваа преработка, тие имаат преработено уште многу други песни кои што можете да ги слушнете на нивниот Фејсбук профил и Јутјуб канал .

Хабанера бенд го сочинуваат кумановците Стефан Тодоровски, Дарко Лазаревски, Кирил Крстевски, Антонио Тимчевски, Александар Трајковски и Илија Стојчески кој е од Крушево.