Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Песната „Фин Амор“ од групата „Ла Колони Волво“ , која излезе во септември минатата година, доби спот.
Спотот е дело на Дарко Антоновски. Објавен е на интернет, а ќе се промовира во емисијата „Еден на Еден“ на ТВ Алфа на 4 април. Песната „Фин Амор е прва во албумот „АЕИОУ“. Композицијата е на Сашо Гигов- Гиш и Предраг Икономовски. Стиховите во песната се дел од поемата „Ескотаз (Послушајте)“ на трубадурскиот поет Маркабру од 12 век, на окситански јазик.
Песните кои што се наоѓаат на албумот се испеани на 8 јазици. Со овој спот групата најавува концерт во Скопје во средината на април.