Лајк за Гинис
18.03.2013 09:27
| KumanovoNews
Жителите на шведскиот град Лулеа, поставиле рекорд во правење на најголемата рака на снег. Инспирирани од фејсбук знакот за лајк, вкупно 2.493 луѓе се собрале на мразот.

Жителите на овој начин сакале да влезат во Гинисовата книга на рекорди, но и да прослават тоа што популацијата на градот достигнала 75.000.
Ова е начин сите да се забавуваме, но и да покажеме дека сме горди на овој град - изјавил градоначалникот Карл Петерсен.