Мени

Ламбе победник на Скопски Фестивал

13.11.2013 08:55 | KumanovoNews

Ламбе Алабаковски со песната "Ќе те чекам јас" победи синоќа на Скопскиот Фестивал и доби досега највисока парична награда од 20.000 евра.

Ламбе победник на Скопски Фестивал

Песната на Алабаковски е авторско дело на композиторот Јован Јованов.

Второто место го зазеде Тамара Тодевска со песната "Тешко без тебе" а третото место му припадна на Димитар Андоновски со "Ако ме боли".

Доајенот Љубомир Бранѓолица ја доби награда за животно дело од националниот РТВ сервис.