Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лејди Гага е најпрофитабилната личност меѓу ѕвездите од шоубизнисот до 30-годишна возраст, покажува листа на списанието „Форбс".
Иако Лејди Гага неодамна отсуствуваше од сцената, бидејќи се подложи на операција на задникот, сепак и понатаму има приходи од 80 милиони долари за едногодишен период - од јуни 2012 до јуни 2013 година.
„Форбс" истакнува дека турнејата на американската поп дива „Born This Way Ball" и донесе бруто приход од 168 милиони долари.
По Гага, следен е Џастин Бибер, кој заработил 58 милиони долари од турнеи, учество во филмови и реклами. Трети се приходите на кантри пејачката Тејлор Свифт, со 55 милиони долари, од кои значителен дел дошле од промоциите на диетална „Кока-кола".
Во рангирањето на „Форбс" се наведени вкупно 30 ѕвезди од шоубизнисот - пејачи и актери. Меѓу најпознатите имиња во топ 10 се Ријана со 43 милиони долари, Кејти Пери со 39 милиони и Адел со 25 милиони.