Лејди Гага како зомби кукла
02.02.2013 10:54
| KumanovoNews
Муа Муа куклите, се дело на млади креативци во Бали, кои се надеваат дека со нивната продажба, ќе соберат пари за Универзитетот.

Тие рачно изработуваат кукли кои наликуваат на зомби/вуду кукли, а инспирација им се познати личности.
Меѓу нивните дела се Лејди Гага, Џеј Зи, Бијонси, Џими Хендикс, Донатела Версаче и многу други. Ги продаваат по цена од 100 евра.