Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во денешно време луѓето се повеќе се свртуваат кон природниот начин на лекување, па зачуваните планини, ливади и шуми се плодна подлога за природни лекови кои можат да се наберат и користат во текот на целата година, како замена на антибиотиците.
Првите пишани документи за употребувањето на растенијата за лекување се пронајдени во Кина, а потекнуваат од 2800 г.п.н.е, во времето кога не постоела фарматсевтската индустрија, а животниот век на луѓето бил подолг.
Четири природни растенија со неверојатни лековити својства:
* Камилица
Камилицата е растение коешто може да се најде на повеќе места. Најчесто се препорачува за забрзано лекување на рани на усните, за облози за очи, ублажување на болките во желудникот, како и за борба против габички и бактерии.
* Маточина
Нејзиното главно дејство е антивирусно и антибактериско со смирувачки својства. Но исто така изронетите листови на матичната нанесени врз раните го потикнуваат нивното зараснување, а ароматичното масло од маточина има смирувачко дејство и се користи за смирување и ублажување на депресијата.
* Жалфија
Ова растение делува противвоспалително, го стега ткивото и го запира крварењето, а и го јакне забното месо. Исто така помага и при болки на грлото и ја зајакнува концентрацијата.
* Рузмарин
Едно од најлековитите растенија кое дејствува како антисептик, антиоксиданс, ги ублажува болките, го забрзува заздравувањето и го спречува крварењето.