×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лени Кравиц го лечи скршеното срце на Ванеса Паради

    08.07.2012 09:06 | KumanovoNews

    За време на болната разделба на познатата двојка Џони Деп и Ванеса Паради, скршеното срце на пејачката го лечел нејзиното поранешно Лени Кравиц.

    Лени Кравиц го лечи скршеното срце на Ванеса Паради

    Ванеса и Лени се забавувале уште во 1990-те години и останале во контакт и по раскинувањето, додека пејачката 14 години беше во врска во холивудскиот актер Џони Деп.

    Пред да го запознае Џони , Лени беше љубовта на нејзиниот живот. Иако нивната романса не траеше долго тие останаа блиски пријатели долги години и таа никогаш не се плашела да го повика, пренесуваат светските медиуми.

    По разделбата со Деп, Ванеса го повикала Лени , велат нејзините пријатели.

    Таа му се јавуваше на Лени во изминатите неколку месеци додека таа и Џони беа на работ да ја прекинат врската. На неа и беше потребен разговор со некој кој ќе ја разбере и нема да ја осудува. Таа знае дека Лени секогаш ќе и биде поддршка, а тој во неколку прилики и кажал дека може да смета на него кога ќе се чувствува лошо. Тој секогаш знаел како да ја утеши и да орасположи- велат доброупатени извори на Паради.