Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На интернет е објавена фотографија на извесна Џуди Зипер од 60-те години на минатиот век, која неверојатно многу личи на актерот Леонардо Дикаприо кога имал дваесетина години.
Сликата ја пронашло некое момче во дневникот на неговата баба и изненаден од сличноста со актерот кој е роден десетина години покасно, одлучил да ја покаже на сите.
Жената на сликата личи на актерот од времето кога ја толкувал улогата во „Титаник“ и „Ромео и Јулија“.
Дикаприо со свои 37 години е уште еден во низата на славните личности кој има двојник односно двојница.
Порано се приметени двојници на Николас Кејџ, Кијан Ривс, Џон Траволта и други познати личности кои живееле пред многу години, што подтикна приказна за тоа дека тие се бессмртни, односно дека се вампири.