×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Леонардо се бакнува со една, забавува со друга, а пати по трета девојка

    27.08.2012 08:52 | KumanovoNews

    Талентираниот актер Леонардо ДиКаприо бил фатен викендов во Њујорк како се бакнува со колешката Кристин Милоти за потребите на снимањето на филмот "The Wolf of Wall Street".

    Леонардо се бакнува со една, забавува со друга, а пати по трета девојка

    Во приватниот живот, Лео се забавува со една убавица, а би сакал да и се врати на поранешната девојка, израелската манекенка Бар Рафаели.

    Лео, ги освои женските срца со улогата во филмот "Титаник", овие денови ги снима новиот филм на Мартин Скорсезе.

    Лео го игра ликот на Џордан Белфот, брокер чиј раскошен живот почнува да се руши кога е обвинет дека е вмешан во измама со хартии од вредност и перење пари во 1988 година.

    На сликите од снимањето кои ги објави порталот "Radar Online" се гледа дека за улогата во новиот филм тој ја исфарбал косата во темно кафеава боја, каква што ја имаше и младиот лажго кој одлежа 22 месеци во федерален затвор.

    Во меѓувреме се зборува дека ДиКаприо сака да и се врати на поранешната девојка Бар иако моментално е во врска со еден од ангелите на Викторија Сикрет, Ерин Хитертон. Неименуван извор тврди дека актерот е очаен во намерата да ја обнови романсата со израелскиот супер модел.

    Лео ја користи Ерин. Таа е фина и се, но таа никогаш нема да може да го освои неговото срце. Тој сеуште не ја преболе Бар и веројатно никогаш нема. Таа секогаш ќе биде онаа која замина- додал изворот.