Мени

Лепа Брена повредена во сообраќајка во Хрватска

25.07.2014 11:01 | KumanovoNews

Познатата српска пејачка Лепа Брена утрово доживеала сообраќајна несреќа на пат кон Макарска, каде што вечерва и утре требало да одржи два концерти, пишува Индекс.

Лепа Брена повредена во сообраќајка во Хрватска

Пејачката има сериозни повреди и двете раце ѝ се скршени. Брена била итно хоспитализирана и во тек е операција во специјализираната болница во Ловран.

   Должност ми е да ве информирам дека утрово Лепа Брена доживеа несреќа. Одејќи кон Макарска, Брена тешко се повреди. Повредите се тешки, скршени ѝ се двете раце, а Брена е итно однесена во болница и во тек е операција во специјалната болница во Ловран - изјавил нејзиниот портпарол Ведран Струкар.

Во меѓувреме сите активности на пејачката се откажани.