Мени

Лепа Брена вечерва ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово

10.11.2019 07:15 | KumanovoNews

Балканската ѕвезда Лепа Брена вечерва ќе одржи концерт на Градскиот плоштад, по повод прославата за 11 Ноември - Денот на ослободувањето и 500 години од постоењето на Куманово.

Лепа Брена вечерва ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово

 Концертот ќе започне во 20. 30 часот со настапот на домашните пејачи: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, како и гостите од Србија, дувачкиот оркестар на Бојан Ристиќ.

По завршувањето на концертот ќе следи спектакуларен огномет.

Како дел од прославата за празникот, синоќа концерт одржа поп пејачот Џенан Лончаревиќ и групата „Некст тајм“.