Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повеќе од 30 години Лева Патика се враќа на музичката сцена со нов албум.
Албумот на Лева Патика бил снимен уште во 1995 година, но поради ред настани неговото издавање се одолговлекуваше дури до пред некој ден. Сега може да се најде на интернет за бесплатно симнување, или пак во ограничено некомерцијално издание.
Осумте нумери од албумот беа подложени на дополнителна дигитална обработка и по долгата и макотрпна работа, го најдоа својот пат до македонската публика. Изведувачи се дел од оригиналните членови, односно Гранит Таќи (вокал), Рамиз Јусуфи –Цики (клавијатури), Аљо Исмаили (бас гитара), Драган Грујевски (гитара), а како гостин се појавува Дино Милосављевиќ (тапани), како и ќерката на Гранит, Леана Таќи-Леа (вокал и придружен вокал).
Лева патика се формираше во 1979 година како резултат на спојувањето на музичките таленти од неколку истакнати скопски бендови. Првиот албум го издадоа во 1981 година, по склучувањето на договорот со реномираната издавачка куќа од Хрватска, Сузи. Легендарната Неправда е сместена меѓу најголемите македонски хитови на сите времиња.