Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Проблематичната актерка и пејачка Линдзи Лохан не се појави на Филмскиот фестивал во Венеција, каде требаше да го промовира еротскиот „The Canyons“.
Режисерот Пол Шредер изјави дека во последните 16 месеци “бил заложник, по свој избор, на многу талентираната но непредвидлива актерка“.
Ниту Шредер ниту публицистот на актерката не знаат зошто Лохан го откажала појавувањето на фестивалот.
Лохан игра девојка на филмски продуцент од Лос Анџелес со кого одат на еротски состаноци со двојки кои ги запознаваат преку интернет.
Филмот беше прикажан денеска и е надвор од трката за награди.
Лохан (27) имаше проблеми со пороци и со законот.