Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дали Линдзи Лохан се обидела да му понуди пари на возачот на камионот за да не го издаде нејзиното име?
Во петокот навечер Лохан во Лос Анџелес возеше изнајмено Порше од 80.000 долари со кое удри во камион, комплетно уништувајќи го автомобилот.
Возачот на камионот во кој удри Лохан, идентификуван како Џејмс, изјавил дека актерката се обидела да го подмити да не ја пријави сообраќајката во полиција.
Според информациите, Поршето било следено од Кадилак Ескалад кој го возел некој поврзан со снимањето на филмот за легендарната актерка Елизабет Тејлор кој Лохан моментално го снима.
По несреќата ми пријде асистентот на Лохан со понуда да одам во банката и да ги извадам парите. Асистентот заедно со човекот кој го возеше Кадилакот ме однесоа на другата страна и ми рекоа дека се работи за селебрити и дека не сакале настанот да се појави во весниците. Но јас сепак се јавив на 911 затоа што се обидуваа да се извадат од целата ситуација- изјавил возачот на камионот.
Во меѓувреме проблематичната актерка ја напуштила болницата во Санта Моника што значи дека поминала без ниту една посериозна повреда.