Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Џенифер Лопез го тужи својот поранешен возач Хакоб Маноукиан за уцена, тврдејќи дека тој од неа побарал 2.8 милиони долари, заканувајќи и се дека во спротивно на јавноста ќе и ги открие сите нејзини тајни кои ги наслушнал возејќи ја 42-годишната пејачка и актерка.
Случајот на Џенифер е контра тужба, во која Лопез тврди дека Маноукиан бил опиен од стекнатата моќ и барал од неа да го контролира целото обезбедување, со што ќе биде во можност да заработува и повеќе пари.
Кога возачот бил отпуштен поради ваквото однесување, Џенифер тврди дека сакал да и се одмазди, заканувајќи се дека ќе открие доверливи информации кои би предизвикале срам за неа.
Лопез поднесе тужба со која го тужи поранешниот возач за 20 милиони долари.