Мени

Лопез на насловна за ELLE

07.09.2014 09:26 | KumanovoNews

Познатата пејачка Џенифер Лопез го покажа својот совршен тен, убавото лице и секси фигурата и тоа на насловната страна за магазинот ELLE.

Лопез на насловна за ELLE

Пред неколку дена Џенифер го издаде своето ремикс издание за песната Booty заедно со пејачката Азалија Иги.

Извадоците од интервјуто за списанието изгледаат вака:

Што мислите за љубовта?

Се уште верувам во љубовта. Сигурна сум дека вистинскиот маж за мене е некаде таму и само треба да го најдам. Но вистината е дека човек треба да работи на сè, дури и на љубовта. Сите албуми кои сум направила се за љубов и нема да се откажам од неа.

Кои се вашите идни планови?

Секогаш имам минимум 5-годишен, а понекогаш и 10-годишен план за работа. Ми се допаѓа тоа во шоубизнисот што уметникот успева постојано да се открива себе. Тој е должен да се движи постојано напред и да презема ризици.