Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобар доказ за грижа на вашето здравј е грижа за вашата кожа. Ултравиолетовите знаци можеби неприметливо, но сигурно ја оштетуваат кожата со текот на времето. Со години кожата станува пречувствителна и поради тоа ја губи младешката боја и сјај.
Додека сме млади не размислуваме сериозно но изложеноста на штетни сончеви зрачења, миењето со сапун и ненанесувањето на лосиони ја оштетува годината со текот на времето.
1. Кожата не треба да се мие со сапун
Чистењето е основна грижа за кожата, па се препорачува да се користат благи шампони, купки или гелови, да не се користат сапуни за телото затоа што ја сушат кожата и го отстрануваат маслото од кожата. Исто така се препорачува да не се бања со премногу топла вода или пак да не се седи предолго под туш. Долгата изложеност на вода придонесува за сушење на кожата, доволни се само 15 минути бањање.
2. Користете лосиони
По капењето или туширањето, кожата треба да се избрише нежно со тапкање со крпата. Потоа на влажна кожа се нанесува масло или лосион. Средствата создаваат обвивка која ја штити кожата. Најчесто луѓето почнуваат да користат средства откако ќе забележат дека кожата им се лупи или им е сува, а пак луѓето со масна кожа не користат лосиони мислејќи дека немаат потреба, што е сосема погрешно. Правилната нега е нанесување на лосиони или млека за тело постојано, но секако одберено според типот на кожата.