Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поп-пејачот и наш годинашен евровизиски претставник, Влатко Лозаноски –Лозано, е избран за најмомче според списанието за тинејџери „Таа“.
Ова е 11. избор за омилено момче за кој одлучија читателките на списанието.
Во пораките што ги испраќаа тинејџерите истакнаа дека гласаат за Влатко зашто „е одличен пејач, има супер нов албум, му ги обожаваат песните, ама и затоа што е скромен, убав, сладок и има прекрасна насмевка - вели организаторот.
Номинирани беа и Марко Марк, Дејан Манасков, Роберт Билбилов, Војдан и Дамјан Стојановски, Боби Мојсоски и Слаткаристика. Се гласаше цел месец преку СМС, имејл и фејсбук-пораки, како и преку анкетата на веб-страницата на списанието.
Досегашни најмомчиња на „Таа“ се Тоше Проески, Петар Ѓошев, Ивица Смилкоски, Адријан Гаџа, Стефан и Марин Филиповски, Ламбе Алабаковски, Александар Белов, Христијан Тодоровски - Кико и Тони Зен