×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лозано, сепак, ќе пее на македонски

    13.05.2013 08:02 | KumanovoNews

    По втората проба во Малме арената, нашата евровизиска делегација донесе конечна одлука, делот кој го пее Влатко Лозаноски- Лозано место на англиски како што беше првично планирано ќе го отпее на македонски.

    Лозано, сепак, ќе пее на македонски

    Тоа значи дека кичевецот на 58. евровизија нема да ја пее "Before the dawn", туку "Пред да се раздени", секако со деловите на Есма кои се на ромски јазик.

    Според пишувањата на официјалната евровизиска итернетска страница еуровисиот.тв Есма и Лозано демонстрирале многу моќна изведба на сцената и добиле огромен аплауз.

    Според кореографијата двајцата пејачи на сцената се појавуваат еден по еден и пеат на различни страни од сцената пред да се спојат на средината дури на крај на песната. Додека трае нивната изведба зелената, жолтата и пурпурната боја ја збогатуваат сценографијата.

    Есма и Лозано заедно со Нина Јанева и Елеонора Мустафова, кои ќе им прават друштво на сцената како придружни вокали, ќе настапат под редниот број 3 во втората полуфинална вечер закажана на 16 мај.

    Останува да стискаме палци и да се надеваме дека миксот од ромски и македонски јазик, надополнет со модерен ритам ќе биде доволен да ја фасцинира европската публика и на Македонија ќе и помогне да и се раздени кога е ова музичко натпреварување во прашање и да се најдеме и годинава во толку посакуваното големото евровизиско финале закажано за 18 мај.

    Дамата во црвено и момчето во костумЕсма на сцената во четврток во втората полуфинална вечер ќе се појави во црвен фустан со сваровски кристали, како и со нејзиниот препознатлив турбан на главата.

    За фустанот што за кралицата на ромската песна го дизајнираше Елена Лука употеребени се 150 метри свила и тантела, долниот дел на фустанот е во форма на роза на која се аплицирани кристали. Лозано, пак, на сцената во Малме арената ќе се појави во црн костум.