Мени

Лозано со нов видео спот

14.02.2013 10:09 | KumanovoNews

Македонски претставник на Евровизија, Влатко Лозаноски- Лозано, деновиве го заврши снимањето на видео спотот за баладата „Ако не сум тој“.

Лозано со нов видео спот

Песната е дел од неговиот втор албум „Преку седум мориња“ и е авторско дело на хитмејкерот Лазар Цветкоски.

„Ако не сум тој“ е една од моите омилени песни од вториот албум и задоволство ми е што баладата доби своја видео приказна. Сигурен сум дека во спотот ќе бидат доловени емоциите кои преовладуваат во песната и крајниот производ ќе и се допадне на публиката-изјави Лозано.

Видео спотот ќе биде промовиран за неколку дена. Покрај оваа активност, Лозано деновиве се подготвува за претставување на песната пред македонската јавност со која тој и Есма ќе настапат на Евровизија 2013 во Малме, Шведска.