×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Луѓето постари од 40 години, треба да работат 3 дена во неделата, покажуваат истражувањата

    22.03.2021 19:28 | KumanovoNews

    Работата од 30 часа неделно е одлична за когнитивните функции на луѓето над 40 и повеќе години, додека секој дополнителен напор ја намалува нивната продуктивност, покажало истражувањето спроведено од Институтот за применета економија и општествени истражувања од Мелбурн.

    Луѓето постари од 40 години, треба да работат 3 дена во неделата, покажуваат истражувањата

    Водачот на истражувањето, проф. Колин Мекензи, вели дека овие резултати можат да бидат од голема корист за работодавачите, но и за оние што ги носат законите за работа.

    Тој смета дека трендот на продолжување на работниот век не е добро решение, туку дека на постарите треба да им се намали работното време.

    „Поголем дел од популацијата е принуден да работи и откако ќе наполни 40 години, па и 50 и 60, а тие лица истовремено би морале да водат сметка и за своето здравје, да одмараат и да имаат повеќе слободно време. Добро е тие и понатаму да работат, отколку ништо да не работат, но само умерено“, вели Мекензи.

    Докажано е дека крстословките, ребусите , судоку и други „мозгалици“ се одлични за постарите, бидејќи го чуваат капацитетот на мозокот, додека претераната стимулација има сосема спротивен ефект.

    Научниците велат дека лицата кои работеле над 55 часа во текот на 7 дена имаат најголем пад на когнитивните способности, дури поголем и од невработените и пензионерите.