Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кралицата на поп музиката, Мадона, доби своја восочниот музеј „Мадам Тисо“ лоциран во Лас Вегас и истата собра огромен број на реакции заради нереално прикажаниот лик на Мадона.
Пејачката е претставена во облека каква што носеше на американскиот Super Bowl, меѓутоа фигурата изгледа 20-тина години помладо од поп кралицата.
Со поставувањето на фигурата во Лас Вегас, Мадона се најде во друштво на Бритни Спирс, Лејди Гага и Мајкл Џексон.
Во процесот на изработка на фигурата учествувале неколку луѓе, меѓу кои два скулптори, фотограф и личност задолжена за димензиите на фигурата. Инаку процесот на создавање на восочна фигура е прилично долг и само за да се изработи ликот на една фигура се потребни и до пет недели.